Словенија го скратува карантинот, наместо 14 дена, задолжителната изолација ќе трае малку пократко

Експертски медицински тим кој ја советува словенечката влада предложи времетраењето на задолжителниот карантин да се намали од 14 на 10 дена, објави агенцијата Танјуг.

Ризикот од заразување со коронавирусот може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ, пренесува СТА.

 Овој предлог беше поддржан и од словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, со образложение дека повеќето заразени покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.