Словенија ја укинува обврската за задолжителна дезинфекција на станбените објекти

Словенечката Влада ја укинува обврската за задолжителна дезинфекција на внатрешноста на сите станбени објекти во земјата.
Премиерт Јанез Јанша на социјалните мрежи напиша дека Владата ќе излезе во пресрет на Здружението на сопственици на станови, од каде побараа ваквата одлука да биде укината, а трошоците за дезинфекцијата да ги преземе државата.


Обврската предвидуваше неколкупати неделно, на трошок на сопствениците на станови, да се прави дезинфекција на целиот внатрешен простор на зградите, влезовите, заедничките делови, подрумските простории и лифтовите.
Инаку, оваа одлука беше донесена во март, како една од мерките против неконтролираното ширење на коронавирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.