Кривичниот суд Скопје го одби барањето на Агим Ислам за повторно судење за случајот Алфа, за убиството што се случи пред 16 години на паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Осудените не ја признаваат вината обвинувајќи за монтиран случај за што дури е извршено вештачење со кое, според одбраната, Ислами излегудва дека е невин бидејќи тој не бил на тој настан.
Судот го одби вештачењето со образложение дека нема вештаци од Бирото за вештачења и не може да се носат вештаци од странство. Самиот Ислами реагираше од затвор. Според него, оваа одлука е неправедна, додека се жали дека е поднесена по истекот на рокот за жалба до Апелациониот суд.