Помеѓу корисниците на апликацијата за спиење и медитација “Calm” била спроведена анкета за да се утврди колку луѓето веруваат во неточните тврдења кои постојат за спиењето.
Во истражувањето, се барало од корисниците да означат што е вистина, а што не е кога се во прашање народните верувања за спиењето.
“Постојат многу вкоренети мислења за спиењето, па затоа сакавме да провериме во што најмногу се верува”, изјавил за “Metro” еден од основачите на апликацијата, Мајкл Ектон Смит.
Дури 66 отсто од испитаниците веруваат дека студениот воздух ја спречува поспаноста за време на возењето. Провевот во автомобилот и климата не помагаат да се остане фокусиран на возењето – единствената исправна работа е, кога ќе почувствувате умор зад воланот, е да застанете и одморите или да испиете кафе.
Телото се одмара, а мозокот е активен во текот на спиењето – ова е факт кој не го знаеле 48 отсто од испитаниците. Докажано е дека нашите мисли никогаш не запираат, особено не во текот на спиењето бидејќи кога сонуваме, мозокот е најактивен.
Дека никако не смеете да разбудите месечар е исто така заблуда во која веруваат 48 отсто од учесниците во анкетата. Доколку не ѝ помогнете на личноста која месечари да дојде до креветот, таа се изложува на опасност, особено доколку постојат скали во близина. Доколку разбудите месечар, нема да му биде ништо.
Морничава лага која брзо се прошири на интернет е дека во текот на спиењето можеме да проголтаме пајак. За среќа, оваа теорија е докажана како апсолутно невозможна – природата на пајаците едноставо не е таква, ние за нив сме исто како и голем камен, само дел од околината.
Многумина веруваат дека се сонува само во текот на длабокиот сон. Мозокот е најактивен во текот на РЕМ фазата, што ги прави соновите најживописни во однос на соновите кои се случуваат во текот на некоја друга фаза од спиењето.
Ако не можете да заспиете, креветот е последното место на кое треба да бидете. Доколку имате проблем со несоница, одете во друга просторија – читајте книга или гледајте телевизија. Но, штом почувствувате дека ви се приспива, веднаш заминете во кревет.
Не е возможно да се надомести непроспиената ноќ. Доколку одлучите да спиете подолго за да можете да останете будни до доцна во ноќта, вие спаѓате во 20 отсто од луѓето кои се во заблуда. Докажано е дека континуитетот во спиењето е многу важен и дека никако не значи дека можете да бидете будни 48 часа, ако пред тоа отспиете 16.
За жал, чаша вино или некој друг алкохол пред спиење нема да го зацврсти вашиот сон. Всушност, постои голема шанса да дојде до будење во текот на ноќта бидејќи алкохолот ги пореметува фазите по кои спиеме.
Британците веруваат дека консумирањето на сирење пред спиење предизвикува кошмари – дури 22 отсто од нив веруваат во ваквата заблуда, иако нема никакви докази за истата. Всушност, поголеми се шансите вашиот сон да биде поубав поради супстанците кои лачат серотонин – хормон на среќата.