Смртноста од КОРОНА ВИРУСОТ е до 6 пати помала во држави кои ја користат БСЖ вакцината (документ)

Смртноста од КОРОНА ВИРУСОТ е до 6 пати помала во држави кои ја користат БСЖ вакцината (документ)

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање, каде што е вклучена БСЖ вакцината, имаат стапка на смртност на коронавирус скоро шест пати пониска од нациите што не ја користат истата, открива една студија.

Вакцината БСЖ е пронајдена пред еден век и дава имунитет на туберкулоза (ТБ) – бактериска инфекција – но се знае дека има и други придобивки. Претходните испитувања открија дека луѓето кои ја примиле, а нејзината цена е околу 30 фунти, имаат подобрен имунолошки систем и се способни да се заштитат од инфекцијата.

На пример, на испитувањето меѓу домородните Американци, вакцинацијата на БСЖ во детството дава заштита од ТБ дури и до 60 години по вакцинацијата.

Прецизниот начин како оваа трајна вакцина помага во спречување на други инфекции е релативно непознат, но можно е да дава засилување на вродените механизми на имунитетот. Овие т.н. „небарани“ ефекти вклучуваат засилена заштита од респираторни заболувања и се признати од Светската здравствена организација (СЗО).

Студијата може да ја прочитате со клик на сликата: 

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.