Снаата на Ѓоковиќ покажа како изгледа нивниот стан во најскапиот комплекс во Белград – луксуз на сите страни како да е кралска вила

Убавата водителка Сашка Веселинов стапи во брак со помладиот брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе на 12 септември минатата година, а сега со него го чека и првото дете.

Веста дека е бремена долго се криеше во јавноста, но пред неколку дена во јавноста открија дека е во шестиот месец од бременоста.
За помалку од три месеци во нашето семејство стигнува принова, од тој момент јас ќе ја добијам најважната улога во животот. Ќе станам мајка, долго не сакав да зборувам на таа тема, избегнував јавни настани иако од првиот ден се е во ред со бременоста, но околу среќата навистина треба да се молчи, изјави Сашка во една своја прилика.

Снаата на Ѓоковиќ покажа како изгледа нивниот стан во најскапиот комплекс во Белград

Таа додава дека сега кога веќе не може да го сокрие стомакот и е мило што го споделува сето тоа со јавноста.

Двајцата го започнаа заедничкиот живот во станот во Белград на вода од каде Ѓоковиќ сподели неколку фотографии како е уреден по нивен терк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.