Снегот кој непрекинато паѓа веќе три дена предизвика огромни проблеми во Австрија. Во екот на смена на туристи, но и голем број на гастербајтери кои се враќаат од одмор во нивните татковини на југот на Европа, патиштата се покриени со снег и мраз.
Автопатот Тауернаутобан (А1) на територијата на Салцбург привремено морал да биде затворен, како со контролирана експолозија би се отстранила опаност од лавина. Аеродромот во Инсбурк од саботата речиси во целост е затворен и летовите се откажуваат. Цели делови од Австија се отсечени заради огромни наноси на снег. Бројни лавини се закануваат и на скијачките центри, па така во Салцбург една лавина прекрила скијачи кои за вистинско чудо преживеале.
И австрискиот канцелар Себајстијан Курц, кој во моментов одмора во Гросарлтау на сопствена кожа ги почувствува пробелемите со снегот, заради што бил приморан да го откаже учетсвото на партиски собир.