Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор

Барате малку поразличен зимскиот одмор оваа година? Хотелите направени од снег и од мраз не се новост, но сега треба да се одлучите да преноќите таму повеќе од кога било. Со оглед на тоа што секоја година се вложува многу труд за да се изградат овие хотели од нула, цените за ноќевање се два до три пати повисоки од цените за ноќевање во обичните хотели. Но, постојат луѓе што ја плаќаат таа цена токму поради можноста да преспијат во навистина уникатен амбиент.
Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор
Што да очекувате од снежните хотели?
Можеби замислувате дека поминувањето на ноќта во хотел направен од снег или од мраз ќе биде студено искуство, но тоа воопшто не е точно. Температурата во гостинската соба е неколку степени над нулата, а гостите обично се опремени со термички вреќи за спиење.
Друг фактор што треба да се има предвид е дека тоалетите, тушевите, трпезаријата и другите објекти обично се наоѓаат во посебна зграда. Тоа значи дека нема да се туширате во бања направено од мраз, но ќе треба да прошетате низ снегот за да стигнете до тушот.
Во продолжение погледнете неколку скандинавски ледени хотели што нудат незаборавно искуство.
1. Ледениот хотел во Шведска


Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор
Овој леден хотел се наоѓа во Јукасјарви, блиску до границата со Норвешка и со Финска. Во изградбата на овој хотел учествуваат четириесет уметници од целиот свет, а хотелот е отворен од декември до април. Од 2016 година, постојаниот хотел „Icehotel 365“ им овозможува на гостите да уживаат во вакво искуство во текот на целата година. Ако само сакате да уживате во уметничката изложба и во ледениот бар, едноставно можете да купите дневен билет.
2. Снежниот хотел „Киркенес“ во Норвешка


Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор
Од оваа година, снежниот хотел во Киркенес ќе пречекува гости од целиот свет во текот на целата година. Но, зимската сезона останува најдобриот период за посета бидејќи за време на вашиот престој можете да уживате во прекрасните зимски пејзажи.
Меѓутоа, поголемиот дел од посетителите не преноќуваат во овој хотел. Тие најчесто поминуваат само неколку часови во хотелот како дел од крајбрежното патување „Хуртигрутен“. Посетителите го разгледуваат хотелот, уживаат во пијалаците во ледениот бар, се среќаваат со 180-те постојани жители – хаските и потоа се враќаат на бродот.
3. Хотелот „Сориснива“ во Норвешка


Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор
Во Сориснива ве очекуваат игло хотел, одличен ресторан и многу можности за разни зимски активности. Хотелот се гради од нула секоја година и е отворен од средината на декември до средината на април, односно додека да се стопи.
Освен ледениот бар, една од најфасцинантни одлики на хотелот е капелата, во која се одржуваат по неколку венчавки секоја година.
4. Хотелот „Какслаутанен“ во Финска


Снежни хотели во Скандинавија за поразличен зимски одмор
Иако технички ова не е снежен хотел, невозможно е да не се спомене познатото игло село во Северна Финска. Ова е само еден дел од големото зимско одморалиште, но за многумина е привлечно поради можноста да ја гледаат поларната светлина.
Поларната светлина можете да ја видите од сите снежни хотели што беа наведени погоре, но во игло селото ќе имате една посебна придобивка – стакленате куполи овозможуваат спектакуларен поглед на ноќното небо од вашиот топол и удобен кревет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.