Снежно невреме ја парализираше централна Европа

Снежното невреме што ја зафати централна Европа за време на велигденските празници предизвика многу проблеми, од хаос во сообраќајот, до прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесуваат агенциите.Во Чешка и Словачка во последните 24 часа паднаа и до 40 сантиметри снег, јавува чешката агенција ЧТК. Во обете земји замрзнатите сообраќајници предизвикуваат проблеми во сообраќајот, а до возачите се апелира за крајно внимателно возење.Снежни врнежи има ви во централниот и североисточниот дел на Полска, каде што паднаа 30 сантиметри влажен и тежок снег. Температурите се околу нулата, патниот сообраќај во некои делови е во хаос, а големи проблеми има и заради прекинот во снабдувањето со електрична енергија.Во подрачјето околу Варшава без струја се околу 80.000 домаќинства, како и околу 20.000 домаќинства во североисточниот округ Биалисток.
MaкфаксСнежното невреме што ја зафати централна Европа за време на велигденските празници предизвика многу проблеми, од хаос

Пронајдете не на следниве мрежи: