На видео снимката што беше доставена до нашата редакција се гледа целиот инцидент што се случи на 18 септември на Кардиохирургија кога поранешниот директор Јовев вербално и физички напаѓа неколку вработени а потоа го нападнал и сегашниот директор, Марјан Шокаровски, при што го удира со глава по лупите.
Агресивно и нападно гестикулирање што укажува на висок тон д-р Јовев упатува прво кон медицинска сестра, како што беше првично објавено. На снимката се гледа како потоа д-р Јовев физички го напаѓа и колегата физиотерапевт, го турка и го удира, додека тој зборува на телефон.
Во текот на целиот инцидент, д-р Јовев е присутен во оперативниот и интензивен дел во цивилна облека и несоодветно за влегување во овој дел од клиниката, што е исто така строго кршење на болничките правила и сериозна закана за пациентите.
По инцидентот Јовев самиот се пријавил во полиција но притоа кажал дека бил нападнат, а снимката го потврдува токму спротивното, односно дека Јовев физички и вербално напаѓал колеги и директорот Шокаровски.
Сето ова се случува кога Јовев веќе не е директор на Кардиохирургија и за неговото однесување за време на неговото директорување кон вработените беше пишувано и неколку вработени излегоа со сведоштво за мобинг, малтретирање и закани.
- Жител на Дебар украл мотор од двор на куќа во струшко, па го оставил во нива
- Мендух Тачи излегува од Европскиот фронт, ќе комуницира само со Ахмети
- Филипче: РЕК Битола не работи, граѓаните плаќаат огромни сметки за струја
- Да помогнеме, потребни се 90.000 ЕВРА за лекување на Бојана во странство!
- Борел во одбрана на Гутереш: Изpаел ја помина границата
извор: 4њуз
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.