Грчките медиуми денеска објавија грозоморно видео од ужасните сцени од местото на хаосот во Атина, а чиј епилогот беше смртта на 29 годишниот навивач на грчкиот клуб, Михалис Кацурис.
Како што пишуваат грчките медиуми, на видеото се гледаат последните моменти на Михалис Кацурис, кој почина откако беше избоден со нож.
На видеото најпрво се гледа како навивачите на АЕК брзаат кон навивачите на Динамо, а меѓу нив е и Михалис, кој носи кацига за мотор. Во следните секунди од видеото се гледа како Михалис трча во спротивна насока, а еден од навивачите, очигледно навивач на Динамо, го удира со стап по грбот.
Во третиот дел од видеото може да се види Михалис како влетува во блиската продавница, облеан во крв, а потоа колабира. На крајот се појавува и брза помош.
Според грчките медиуми, Михалис веќе бил прободен со нож во грб пред да биде удрен со шипка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.