Американските научниците тврдат дека пронашле начин како преку снимањето на мозокот да предвидат дали злосторник може да го повтори делото, покажуваат резултатите објавени во специјализираниот магазин Proceedings of the National Academy of Sciences.Според американските невролози, прекршителите кој кои е видливо подрачје на послаба активност во областа на мозокот поврзана со носењето на одлуките и делувањето имаат повеќе изгледи повторно да бидат уапсени.Екипата научници предвидена од Кенет Киел, невролог од Mind Research Network в Албукуерк, проучувала група од 96 мажи затвореници непосредно пред нивното ослободување од издржувањето на затворската казна. Тие ги скенирале мозоците на затворениците додека на компјутерите изведувале вежби во кои требале да носат брзи одлуки и да ги контролираат импулсивните реакции.Користејќи функционална магнетна резонанција во којашто се мери протокот на крвта низ поедини делови од мозокот, особено ги следеле активностите во предниот сингуларен кортекс. Затворениците ги следеле и во следните четири години. Тие со пониска активноста во предниот сингуларен кортекс имале повеќе изгледи повторно да бидат уапсени по излегувањето од затвор.Тоа било потврдено откако ги зеле предвид и другите фактори на ризикот, како што се возраста, или консумирањето дроги или алкохол.Мажите коишто имале доволно пониска активност во тој дел од мозочната кора и,але 2,6 пати повеќе изгледи да бидат повторно уапсени за сите злосторства и 4,3 пати повеќе изгледи да бидат уапсени за ненасилни злосторства.
МакфаксАмериканските научниците тврдат дека пронашле начин како преку снимањето на мозокот да предвидат дали злосторник може