СО БРЕНА НЕКАКО ИЗДРЖУВАМ ВЕЌЕ 34 ГОДИНИ: Боба Живојиновиќ никогаш не бил поискрен во врска со бракот

Боба Живојиновиќ го откри својот „рецепт“ за успешен брак.
Боба Живојиновиќ откри во емисијата „Што сум јас за тебе и кој сум јас за себе“ сè во врска со бракот со Лепа Брена, во која е заљубен веќе 34 години.
Славната двојка е во хармоничен брак од 1987 година, од кој ги добија синовите Стефан и Виктор, а славниот тенисер одговори на бројни прашања во врска со нивниот однос.
Кој е главен во нивната куќа и дали му пречи кога ќе го наречат „сопругот на Лепа Брена“, објасни тој во емисијата.
“Не ми пречи што добив “компир” во вашата анкета. Исто како што не ми пречи кога ќе речат дека сум сопруг на Брена”, додавајќи го зборот “само” со насмевка.
Потоа откри сè за нивната врска, но ги сподели и советите што ги добил и кои ги смета за „рецепт“ за успешен брак.


“Откако започна проблемот со короната и “заклучувањето”, ние двајца сме заедно 24 часа на ден. Тоа е врска што добива друга димензија. Јас сум во Америка веќе две недели и, гледам, тоа е чудно, ми недостасува. Гледам и од нејзина страна исто. Мислам дека со сè што ни се случи, откривме нешто посилно, посветло. Знаевме порано, но сега откриваме и мислам дека ќе трае”, вели тој и додава:
“Заедно со љубовта, мора да има почит. Што би рекла баба ми – ако земеме јаже и јас влечам на моја страна, а ти на твоја – што ќе се случи? Ќе пукне. А ако ти го повлечеш, а јас го пуштам, тоа ќе трае. Истото важи и за пријателството и за работата. Мора понекогаш да дадете за да добиете. И за да можете да го направите тоа, треба да верувате во себе. Брена и јас сме заедно од 1987 година и, ете, трпам некако веќе 34 години“, рече Боба со насмевка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.