Ги прават последните подготовки за утрешната велосипедска трка.
Оваа трка е поспецијална од другите бидејќи се одржува за Розов Октомври, месец за подигање на свеста за ракот на дојката.
Ненад е мајстор за велосипеди и вели дека ќе има околу 50 луѓе кои од главниот град ќе тргнат кон Охрид.
На кардиологот Никола Христов пасија му е велосипедизмот а на трката ќе и се приклучи за подигање на свеста. Раното откривање значи големи шанси за успешно лекување.
Од здружението Езра за здравствена иницијатива во борбата против ракот на дојка велат дека за жал инциденцата на патологијата за малигни заболувања кај пациентките е во пораст а сето тоа е поради недоволната свест.
-Затоа, уникатните платформи кои ги носиме преку нашите активности се токму стремежот да ја подигнеме свеста и да повикаме прво на самоконтрола, што треба да биде постојан компромис на секоја жена со своето тело и не само тоа, бидејќи сега со ракот на дојката и мажите можат да бидат засегнати и оваа болест не прави разлика меѓу половите. Потоа континуираните клинички прегледи и периодични медицински прегледи кои треба да бидат дел од нашата здравствена рутина и култура, вели Лиридона Беќири од здружението ЕЗРА.
Според здружението за превентива на ракот на дојка Езра во нашава земја околу 1200 лица годишно се дијагностицирани со оваа болест.