Во принцип, запросувањето е голем притисок за мажите, како поради големиот страв од непосакуваниот одговор, така и поради фактот што некако се очекува тој чин да биде гламурозен и многу романтичен.
Имено, еден маж смислил неверојатен начин да ја запроси својата девојка. Тие патувале со авион, а кога девојката отишла во тоалет, момчето ја искористило можноста да клекне на подот и го подготви прстенот, додека патниците требало да држат транспаренти со натпис „Ќе се омажиш ли за мене“?
Девојката излегла од тоалетот и запрепастено почнала да вреска кога сфатила за што станува збор, а потоа со воодушевување прифатила да се омажи за него. Следувале овации и аплауз, а патниците овој момент го снимале со своите телефони, додека девојката го гушкала и бакнувала својот иден сопруг.
„Ова е толку романтично“, „Мислам дека ова е уште еден тип на „љубов во воздухот“, но со среќа“, „Ми се допаѓа како патниците учествуваа во сето тоа“, „Тој е толку заљубен во неа“, „Таа буквално остана без зборови“, биле коментарите од корисниците на „ТикТок“, каде и се појавило ова видео.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.