Салатата од зелка е идеален додаток за многу јадења, а нејзиниот вкус можете да го подобрите користејќи само една состојка.
Потребно ви е: главица зелка, сол, масло, оцет, а тајната состојка е мала количина шеќер што ќе ја ставите на врвот на лажичката.
Изрендајте ја или исечкајте ја зелката, додадете масло и оцет. Добро изгмечете со раце и оставете да отстои неколку минути. Измешајте малку сол и шеќер и додадете ги на крајот. Овој едноставен трик се користи во многу ресторани.
Зелката е исклучително здрав зеленчук бидејќи содржи минерални соли, витамини А, Б, Ц и К, фосфор, калциум, магнезиум, цинк и многу повеќе. Поради големото количество на хлорофил го поттикнува зголемувањето на хемоглобинот во крвта.
Нутриционистите им препорачуваат консумирање зелка на оние кои се во процес на слабеење. Покрај тоа, може да го намали ризикот од оштетување на видот, т.е. помага во спречување на катаракта и макуларна дегенерација.