Со една трик состојка се прави за час!


Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје.

Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати.

Во тенџерето додадете скроб, кој побрзо ќе го згусне, па подготовката ќе одземе помалку време.

Состојки:

1 кг јагоди
1/2 лимон
1/2 чаша шеќер
2 лажици пченкарен скроб
2 лажици ладна вода
прстофат сол

Подготовка:

Исечете ги јагодите во саканата големина, па истурете ги во тенџере. Додадете сок од лимон, шеќер и сол. Промешајте, па варете додека не почне да врие. Потоа намалете ја температурата и додадете го пченкарниот скроб што сте го измешале со вода (да нема грутчиња) и продолжете да крчкате уште 7 минути. Истурете ги во стерилизирани тегли и оставете ги да се изладат на собна температура пред да ги ставите во фрижидер.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: