Ракометната репрезентација на Македонија во последното коло на првата фаза на Светското првенство се судри со Гвинеја. Одново на трибините во „Арена Вараждин“ има голем број наши навивачи. Иако бројката не е како онаа од петокот против Унгарците, повторно има веројатно меѓу 1.500 и 2.000 наши навивачи.
Редарската служба овојпат е најстрога од стартот на првенството. Освен скандалите на влез со одземањето на знамиња со сонцето од Кутлеш, овојпат редарите „ловат“ знамиња и по трибина. Тие ги одземаат знамињата, а влегуваат и во конфронтации и турканици со македонските навивачи.
Поради слична ситуација и конфронтација дојде и до исфрлање на македонски навивачи во првиот дел од натпреварот.
Пронајдете не на следниве мрежи: