Со протестен марш одбележан Меѓународниот ден за видливост на трансродовите луѓе


Од граѓанската иницијатива „Трансформа“ посочуваат оти видливоста на трансродовите луѓе е од суштинско значење во борбата за нивните права, особено во, како што велат, недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското

Под мотото „Маршираме храбро – 5 години видливост“ денеска во Скопје се одржа петтиот марш на видливоста на трансродовиде луѓе. Протестниот марш во организација на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трасродовите лица „Трансформа“ се одржа во пресрет на Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица што се одбележува на 31 март.

Од денешниот протестен марш во пресрет на Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица / Фото: „Трансформа“

„Петтиот последователен марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчани и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество“,

порачуваат од „Трансформа“.

Од граѓанската иницијатива посочуваат оти видливоста на трансродовите луѓе е од суштинско значење во борбата за нивните права, особено во, како што велат, недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста, велат од „Трансформа“, е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: