СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ! Дино Мерлин ја отвори душата и за прв пат проговори за сериозната болест

Никогаш порано не зборувал за ова
Популарниот пејач Дино Мерлин не открива детали од својот приватен живот во јавност, а некако секогаш е во епицентарот на вниманието на медиумите и публиката, а сега за прв пат јавно проговори за многу тежок период во неговиот живот.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео за јавно признание на Мерлин за тешкотијата со која морал да се справи. Поточно, тој тогаш минувал низ нарушување на менталното здравје, депресија, што е голем проблем на денешницата.
– Ова ќе го кажам за прв пат, во еден период од животот бев тешко болен. Имав една тешка депресија. Тоа не би му го посакал на никого. Се манифестираше на таков начин што не бев за ништо. Воопшто не ме интересираше ништо, животот и смртта ми беа исти. Бев само растение. И тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и се ми дојде на ум тогаш, но еве, за некое чудо, се извлеков – вели Мерлин со солзи во очите.

@balkan_songs4🥺 #fyp #foryoupage #viral #yourpage #balkan #balkantok #dinomerlin #balaknsongs

♬ original sound – balkan_songs

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.