Ечеше музика и се играше чочек денес во Штип каде беше пуштено во употреба новото триаголниче, пешачки остров.
На “свечениот“ настан беше пресечена и црвена лента.
“Со чочек и сечење на црвена лента свечено беше пуштено во употреба новото триаголниче”, пишува на фејсбук страната Штипски Актуелности.
Секако, станува збор за настан пародија по скандалозниот начин на славење на пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија-Смоквица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.