Собраниската седницата на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата е закажана за среда во 11 часот. На неа е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети.
Премиерот Заев денес го достави предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии ќе ја преземе лично премиерот, кој како што кажа, ќе ја извршува оваа функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.