Совети како да не ви замрзнат стаклата, вратите и бравата од автомобилот

Еве неколку совети како да не ви замрзнат стаклата, вратите и бравата од автомобилот и што да направите ако се случи тоа.
Паркирајте го автомобилот кон исток
Ако има можност, секогаш паркирајте го автомобилот така што предната страна да биде свртена кон исток. Така првите утрински зраци полека ќе го растопуваат мразот на ветробранското стакло.
Алкохол и сапун можат да помогнат
Направете течност за одмрзнување на стаклата која наутро ќе ја испрскате врз замрзнатите површини. Во шише ставете литар алкохол, еден децилитар вода и детергент за миење садови. Добро промешајте. Постои уште еден рецепт – наполнете во шише со распрскувач алкохол и вода во размер 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).


Заштитете ги бравите од мраз
Тука помага WD40. Вшприцајте го во бравата на автомобилот и нема да замрзне преку ноќта.
Да не замрзнат вратите
Многу едноставно, сè што треба да направите е да ја премачкате гумата околу вратата со некаква маснотија. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење и слично.Направете го тоа штом ќе излезете од автомобилот, за наредното утро без проблем да ја отворите вратата.
Ако се најдете некаде во град, а стаклата ви замрзнат и кај себе немате ниту спреј, ниту вода, ниту стругалка – послужете се со некаква картичка за да го истружите мразот. Тоа ќе оди малку побавно, но сепак по некое време ќе можете да седнете во возилото и да се вратите дома.
Чорапи на бришачите
Да, добро прочитавте. Навлечете стари чорапи врз бришачите за наутро да не ги затекнете залепени врз замрзнатото стакло. Или, едноставно дигнете ги за да не го допираат стаклото, па нема ни да се залепат.


Заштита за ретровизорите
Надворешните ретровизори од автомобилот нема да замрзнат ако врз нив ставите пластични кеси. Можете да ги зацврстите и со гумени лентички.
Ставете картон врз стаклата
Ова е одличен начин за превенција од замрзнати стакла на автомобилот. Наместо картон, можете да ставите и стари крпи.
Замрзнатите стакла никогаш не полевајте ги со врела вода затоа што може да испукаат, особено ако веќе имаат мали оштетувања, предупредуваат стручните лица. Попаметен избор е млаката вода која на стаклото треба да се нанесе со крпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.