Советникoт од Ѓорче Петров демантира дека имал симптоми на корона кога дошол на седницата

Откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека на седницата на Советот претставник на СДСМ имал коронавирус но сепак присуствувал на седница, а со тоа цела општинска администрација, советници, медиуми ги изложил на ризик од смртоносниот вирус, советникот Влатко Цветковски демантира дека имал симптоми за време на присуството, а тестирањето кое покажало дека е позитивен го направил дури утредента.
– Ситно-партискиот понетизам и профитерство и натаму остнуваат синоним за ДПМНЕ. Во време кога целиот свет стои исправен пред предизвикот со Ковид -19-тие преку прес конференции се обидуваат да му се додворат на Мицковски,говерејќи пред се лаги и невистини. Таков е и случајот со Претседателката на УМС на ВМРО ДПМНЕ Наташа Менкиноска, која на денешната прес конференција само покажа дека нивната политика го допира дното.
Во целост ги отфрлам шпекулациите на Менкиноска која тенденциозно и неаргументирано ме обвинува дека иако сум имал симптоми на вирусот Ковид-19, сум присуствувал на седница на Советот на општина Ѓорче Петров вторникот на 13.10.2020 .


Целосно дематирам дека сум имал симптоми и свесно сум ги донел другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот во опасност. Станува збор за апсолутна невистина.
Точно е дека сум ПОЗИТИВЕН на вирусот Ковид 19. И покрај тоа се чуствувам добро и немам никакви симптоми.
Тестирањето го направив приватно во Институт за Јавно Здравје во средата наутро на 14.10.2020 а резултатите ги добив усно истиот ден вечерта во 21.30 часот. Единствена причина за тестирање беа консултација со матичен доктор во вторникот попладне бидејки дознав дека сум имал контакт на отворено со позитивен а имам историја на хроничен бронхит. За да не дојде до несакано влошување на моето здравје, но и поради загрозување на здравјето на моите најблиски и околината, самоиницативно се тестирав и тестирањето го извршив приватно.
Без никакви симптоми бев на тестирање.Иако сум позитивен до овој момент немам никакви симптоми. Како редовен крводарител на крв и тромбоцити во клиниката за транфузиологија и како совесен граѓанин а пред се родител и семеен човек никогаш не би си дозволил да не ги почитувам мерките и со тоа да загрозам нечие здравје. Апсолутно неточно е дека не сум ги почитувал мерките за носење заштитна маска и одржување на растојание, видео материјалите од самата седница ќе го докажат спротивното.
Бидејќи се работи за политички монтиран случај без никакви докази за изнесените невистини во пресот на младата претседателка на УМС, барам итно јавно извинување и објавување на овој Демант согласно членовите 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, доколку не се постапи по истото ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надомест на штета согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Точно е дека криењето на заразата од корона е кривично дело затоа што со тоа потенцијално се шири зараза која е со потенцијални смртни последици за граѓанитe, но и лажењето и клеветата се кривични дела. Затоа кој колку лаже ќе покажат судските истанци.
Жално и срамно е да се шират невистини , особено политички да се поентира поигрувајќи се со здравјето и судбината на граѓаните. Го допревте дното!
Не заборабајте дека и во вашите редови имаше болни од Ковид 19, за кое многу мудро молчевте сите вие и ја криевте заразата како змијата нозете. Но, тогаш сите бевме емпатични и посаккувавме побрзо закрепнување. Истото го посакувам и сега. Брзо оздравување на сите позитивни. Сме се соочиле со многу предизвици и Сигурен сум дека и овој пат повторно ке излеземе како победници и од овој предизвик, вели Цветковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.