Советот на Европската Унија вчера ја одобри исплатата на втората транша финансиска помош во рамки на украинскиот механизам, во износ од околу 4,2 милијарди евра во форма на грантови и заеми, наменети за поддршка на макро-финансиската стабилност и функционирањето на јавната администрација.Со усвоената одлука, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во Планот за Украина за да може да добие нова транша од средствата од украинскиот механизам. Советот ја истакна важноста за исплата на овие средства што е можно поскоро, со оглед на тешката фискална ситуација во Украина.Планот за Украина вклучува мерки насочени кон закрепнување, реконструкција и модернизација на земјата, како и реформи кои владата планира да ги преземе во следните четири години како дел од процесот на пристапување во ЕУ. Планот беше одобрен од Советот на ЕУ во мај годинава и предвидува Унијата преку украинскиот механизам да ѝ додели финансиска поддршка на Украина во износ до 50 милијарди за периодот од 2024 до 2027 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: