Ова е совршен рецепт за печени пилешки копани, копан со наткопан или крилца. Треба да ги маринирате во сок од лимета и коријандер.
Потребни состојки:
-шест пилешки копани
-две лажици сок од лимета
-60 г сецкан коријандер
-1 ½ лажица мед
-2 чешни лук
-1 лажичка чили во прав
-1 лажица маслиново масло
-малку сол
-половина лажичка црн бибер
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сите состојки, освен пилешкото месо, за добро да се соединат. Оваа маринада потоа прелијте ја еднакво над копаните и оставете да се маринира во период меѓу половина час до два часа.
Загрејте ја рерната на 200 степени, а потоа распоредете го пилешкото место на плех. Печете околу 20 до 25 минути.
Оставете месото малку да се олади, па послужете.