Словенечката полиција на граничниот премин Добова кон соседна Хрватаска, откри 12 деца кои билe скриени во затворени вагони со глина.
Меѓу децата имало и 14-годишно девојче кое било бремено.
Овие 12 деца се само дел од група во која имало 30 мигранти, а се обиделе илегално да влезат на словенечка територија. Најголем дел од нив биле од Ирак, Сирија, Иран и од Авганистан.
Луѓето биле скриени во затворени вагони во кои немало доволно кислород. Веднаш се префрлени во медицинскиот центар во Брежице.