Солени, декоративни и перфектни за предјадење: Највкусните солени топчиња кои се прават за помалку од 10 минути

Во овој период на слави многу од домаќинките смислуваат какво предјадење можат да направат за својата трпеза.

Доколку сте во потрага по нови и едноставни рецепти, овие солени топчиња би можеле да бидат идеални за вас и одличен додаток на трпезата.

Тие се декоративни и многу вкусни, а се подготвуваат лесно и може дете да ги направи. Во секој случај, грешка нема, а може да експериментирате и да им додадете уште некоја состојка по желба.

Состојки:

  • 6 јајца;
  • 150 грама кашкавал;
  • 150 грама сирење;
  • 300 грама сувомеснато по избор (шунка, печеница, пилешки гради);
  • 5 лажици мајонез;
  • 50 грама сусам.

Подготовка:
На најситно изрендајте го кашкавалот, тврдото сирење и варените јајца, како и сувомеснатото, па помешајте ги состојките.

Додадете го мајонезот и соединете ја смесата. Смесата поделете ја на два дела, па направете топчиња.

Половина од топчињата извалкајте ги во издробено сирење, а половина во пржен сусам.

Послужете како предјадење, на здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.