Солзи вредни пола милион долари: Сакал да се пофали со прескапото „Ламборџини“, па го смачка во ѕид

Возач на „Ламборџини“ вредно 500.000 долари се правел важен пред маса на случајни минувачи во Лондон, но во еден момент изгубил контрола и удрил во дрво и ѕид.
Двајца возачи стоеле на улица во Лондон со своите луксузни автомобили, сакајќи на сите да им покажат какви “ѕверки” поседуваат.

Кога возачот седнал во спортскиот автомобил, сите започнале да ги снимаат со мобилните телефони.
Меѓутоа, тој набрзо изгубил контрола и удрил во дрво и ѕид, па направил прилично голема штета.
Очевидците рекле дека возачот започнал да плаче кога излегол од автомобилот, а како и не би?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.