Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од -5 до 1, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 16 степени.Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.