Мажите во карантин ширум светот знаат колку е тешко да им се препуштат на женските раце и да се надеваат дека добро ќе им ја скратат косата.
Актерот Кори Пендергаст (42) ја замолил сопругата Емили, исто така актерка, да му ја скрати косата, а таа била толку многу уверена во своите способности, што не се послужила ниту со чешел.
Резултатот бил толку лош што Кори после сè земал машинка за шишање и си ја скратил целата коса.
На задоволство на нивните фанови, целиот процес го снимиле и објавиле на Фејсбук. Снимката има речиси 3 милиони прегледи.
„Кори, како што може да забележите е многу позитивен и добродушен, мислам дека се шокираше кога ги виде неговите прамени на мојата рака“, рекла Емили и додала дека Кори сега многу повеќе ја цени неговата фризерка Кајли.