Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, првпат проговори за загубата на своето бебе во 2014 година.
Таа вчера им се обрати пред присутните на отворањето на шестиот европски конгрес за породување во Белград.
„Имав два царски резови во кои почувствував и огромна тага и неизмерна радост од породувањето. Тие искуства станаа нераскинлив дел од мене и се дел од моето секојдневно однесување и мисли и моите односи со сите луѓе во мојот живот. Зошто ви го кажувам ова? Затоа што којзнае колку слични жени секојдневно доаѓаат во вашите породилни сали со којзнае колку тешки приказни, емотивно исцрпувачки, со огромни очекувања и желби и стравови. Ве молам никогаш не го игнорирајте тоа. Никогаш не го заборавајте тоа“, вели Тамара.
Таа ги потсети лекарите дека нивната мисија е да бидат професионални, одговорни и емпатични.
„Мојата мисија е да поддржам напредок и да охрабрувам секогаш кога можам, бидејќи секој успех што го доживуваме е неважен ако полека исчезнуваме, губејќи секој ден цел еден град“, заклучи таа.
Како што претходно беше споменато, во 2014 година таа го загуби своето бебе, само три дена пред терминот за породување. Во јуни 2017 година, таа роди син.