Соработникот на Навални, Волков нападнат и претепан со чекан во Литванија


Нападот се случува неколку дена пред претседателските избори во Русија, во кои според сите анализи и рејтинзи, претседателот Владимир Путин сигурно ќе го освои петтиот мандат

Голем број членови на Фондацијата на Алексеј Навални, меѓу кои и Волков, пребегнаа во Литванија

Рускиот активист Леонид Волков, поранешен шеф на кабинетот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, бил нападнат пред неговата куќа во Вилнус, Литванија, изјавила портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Леонид Волков/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

„Леонид Волков беше нападнат пред неговата куќа. Некој скршил прозорец од автомобилот и му испрскал солзавец во очите. Потоа, напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“,

изјавила Јармиш во објавата на социјалните мрежи.

Иван Жданов, директорот на Антикорупциската фондација на Навални рече дека Волков бил нападнат „во близина на куќата“ и „му ги удирале нозете со чекан и му ги удриле рацете“.

Нападот се случува неколку дена пред претседателските избори во Русија, во кои според сите анализи и рејтинзи, претседателот Владимир Путин сигурно ќе го освои петтиот мандат.

Волков беше претседател на Антикорупциската фондација на Навални до 2023 година. Тој ги нарече последните избори во Русија како „циркус“.

Голем број членови на Фондацијата на Алексеј Навални, меѓу кои и Волков, пребегнаа во Литванија.

Навални почина на 16 февруари во казнената колонија во Сибир каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активисти и разни други злосторства во август. Ова предизвика осуда од светските лидери и обвинувања од неговите помошници дека е убиен.

Кремљ негираше каква било вмешаност во неговата смрт.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: