Дадилката на момчето убиец К.К. (13) била на разговор во полиција, каде што детално раскажала се што знае за неговото воспитување и навики.
Според Информер, таа детално раскажала се што знае за момчето убиец, неговата сестра и родителите.
Таа се грижела за момчето од кога имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.
Како што рекла, не може да разбере дека момчето успеало да ги убие другарите и училишниот чувар.
„Денови по злосторството во Врачар размислувала за момчето и времето кога го чувала и дека се уште не може да се опорави од шокот“, рекол изворот на порталот.
Дадилката во полиција изјавила дека додека го чувала тој бил добро дете, послушно и паметно.
„Беше добро бебе, подоцна момче. Беше натпросечно интелигентен, љубопитен и успешен во се што го интересираше. Ништо во неговото однесување не навестуваше дека тој некогаш би направил такво злосторство“, рекла таа.
Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во средата беше сослушана во полиција и детално ја раскажала својата верзија за приказната на нејзиниот син. Детството, неговото здравје, односот со врсниците, семејните односи. Таа ги опиша и неговите денови пред масовното убиство, на 3 мај.
Мајката на момчето беше сослушана за да се утврди дали можеби го напуштила и малтретирала нејзиниот син пред тој да го изврши масакрот во училиштето.