Состојбата на Селин Дион се влошила, изгубила контрола над мускулите

Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува.

Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.

Се подготвуваат големи промени – Cи Џинпинг на пат кон Путин: Се подготвуваат ли планови кои можат да направат големи промени ?
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година, објави денеска руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на рускиот амбасадор во Пекинг.– За конкретни билатерални настани можам да кажам дека активно се подготвуваат …
Крвав Божиќ во Британија: Две жени избодени до смрт, тешко повредени маж и млад човек (ВИДЕО)
Две жени беа избодени до смрт, а еден маж и еден млад човек беа тешко повредени во Милтон Кинс на Божиќ. Кучето, кое исто така се здобило со повеќе убодни рани, било однесено на ветеринари, но …

„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави Клодет за 7Jours. „Точно е дека и во нашите соништа и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, додаде таа.

Ретка невролошка болест

За потсетување, на Селин ѝ беше дијагностицирана ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, која предизвикува грчеви кои можат да бидат толку тешки што дури и ги скршуваат коските.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша Дион во текстот на Инстаграм во 2022 година, најавувајќи дека ќе ги одложи датумите на нејзината турнеја. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.