ВЕРГАРА е фотографирана на средба со маж за кого Page Six дознава дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.
51-годишната актерка и докторот се фотографирани како се упатуваат на вечера во Беверли Хилс, Калифорнија, во близина на местото каде што Ким Кардашијан го прослави својот 43-ти роденден. Меѓутоа, актерката не била на списокот на гости на роденденската забава, туку случајно се нашла во близина.
За состанокот со докторот, Вергара носеше црн корсет од тантела, панталони и штикли.
- Клучна година за војната во Украина: Што нè чека и како доаѓањето на Трамп на власт ќе ја промени ситуацијата?
- Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се става во василопита на Св. Василиј
- Доделени Златните глобуси – Деми Мур (62) првпат ја освои престижната награда (фото/видео)
- Повеќе од 2.000 универитетски професори, соработници и истражувачи ги поддржаа српските студенти!
- Конгресот на САД ќе го потврди изборниот резултат и ќе го отвори патот за Трамп
- ,,Три момчиња починаа а четвртото се бори за живот” – Девоче херој (13) се обиде да ги спаси од замрзнатата вода!
- Русите тврдат дека целосно го зазеле градот Курахово
- „Нема да ме вознемирува, децата се со мене“ – Драгана Мирковиќ по разводот со Тони искрено проговори за состојбата во семејството
- Конгресмен: Америка не смее да си дозволи да ја изгуби Украина
Џастин претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во Грим и Грдата вистина. Тие поминаа десет години заедно и се разведоа во 2018. Имаат две деца.
Софија и Џо Манганиело во јули годинава објавија дека се разведуваат по седум години брак.
„Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекоа тие во заедничка изјава за медиумите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.