Вестта за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри вистинската причина за неочекуваниот крај на љубовта.
– Бракот ми се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – изјавила таа.
- Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притворКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по- прочитај повеќе
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците !Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го- прочитај повеќе
- Светот не е подготвен за хаосот што ќе се случи! Масивна вулканска ерупција се приближува? Тоа би го променило лицето на ЗемјатаВо 1815 година, индонезискиот вулкан Тамбора ја имаше најмоќната вулканска ерупција во запишаната- прочитај повеќе
- Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“- прочитај повеќе
- Новиот филм на Кристофер Нолан ќе се базира на адаптацијата на епската „Одисеја”,Прикажана во јули 2026 година.Новиот филм на режисерот Кристофер Нолан ќе се заснова на- прочитај повеќе
За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак , пишува Page Six.
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот – се наведува во заедничката изјава за медиумите.
Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата на „Модерно семејство“ на Бадник во 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат. Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: