Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент

– Бугарија останува на тврдите позиции за македонската евроинтеграција и не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Извесно е дека Софија во вторник на состанокот на Советот на ЕУ ќе ја блокира одлуката за почеток на преговорите. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захарива вели дека Бугарија во оваа фаза не можеда каже „да“ за Македонија. Официјално Скопје потврдува дека шансите за промена на ставот на Софија се мали, но оти сепак ќе се настојува до последен момент да се дојде до решение.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема, предупредувајќи дека ваквата одлука на Софија може да предвика развој на непосакувани настани на двете страни. -Јас сум подготвен и го потготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17-ти, до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече Заев. Очекува одговорност, и како што наведе, крик на пријателство од бугарската страна заради тоа што кај нас имаат пријатели. -Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа непосакувано, верувам од двете страни може да развие. Не ни треба тоа, ни треба пријателство, подадена рака заедно да го чекориме европскиот пат, истакна Заев. Тој изрази надеж дека, како што кажа, пријателска Бугарија ќе остане на духот на пријателството. -Ако не се од нешто задоволни од исполнувањето на Договорот имаат можност 130 пати низ 34 поглавја да стават вето или блокада, затоа што, Договорот со Грција и Договорот со Бугарија, се составен дел оф преоговарачката рамка. Тие се меѓународни договри кои имаат своја реализација.

Уште еднаш напоменувам, тоа го потврдува и бугарската страна имаме решено пет историски личности, три историски периоди, спремни сме да ги објавиме и да почне имплементацијата во учебниците на двете страни и од македонската и во бугарската страна, рече премиерот. Заев е убеден дека со позитивни одлуки се градат пријателски односи, со негативни одлуки градиме горчина. -Не треба двата народи никој да ги одалечува треба да ги зближува. Тоа е историски повик, кон политичарите и кон нас, македонските и кон бугарските политичари. Двата народа се навистиа со заедничка историја, со заедничко минато. И од таа заедничка историја и минато се развиле денешните македонскиот и бугарскиот народ. Од словенската јужна група на јазици излезени се двата јазика бугарскиот и македонскиот јазик. Зошто не е доволно заедничко? Како тоа да биде заедничко, а да биде бугарско? Или да биде заедничко, а да биде македонско? Заедничко, е заедничко. Или заедничкото или општо треба да ги наоѓаме решенијата. Одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носиме. Ако се позитивни, историјата ќе испише златни и позитивни букви, ако се негативни ќе испише горчина. јас верувам дека ќе бидеме сите мудри и паметни тоа да го направиме, истакна Заев. Македонскиот народ, потенцираше, никогаш не би ставил вето на бугарскиот народ, затоа што го смета за братски народ со кој треба меѓусебно да поддржуваат. И шефот на дипломатијата Бујар Османи се надева дека до одржувањето на Совтот на ЕУ ќе може да се дојде до приближување на ставовите. Овие два дена, вели Османи, оставаат да се рефлектира влогот кој сме го внеле и последиците по нашите односи, регионалните прашања и по кредибилитетот на ЕУ. – Нашата политика е дека ќе работиме до последниот момент за носење одлука на Советот за општи прашања.

Ние немаме алтернатива од европската агенда. Не можам да кажам кој ќе биде исходот. Очигледно дека во Република Бугарија се понагласено се зборува за неприфаќање на рамката од нивна страна, но ние ќе продолжиме да работиме, да разговараме не само со Република Бугарија, туку со сите земји – членки, бидејќи немаме алтернатива од европскиот пат, истакна Османи. Според него, очигледно е дека има разлики, кои во овој „балон“ на дневна политика и емоции изгледаат навидум ненадминливи, но тие разлики немаат врска со преговарачкиот процес. – Тие разлики немаат врска со првата меѓувладина конференција, ниту со билатералниот скрининг, поглавјето владеење на право, отворање на поглавјето животна средина. Едноставно преговарачкиот процес не е ништо повеќе отколку техничка асистенција на Европската унија на земјата – кандидат за да може да оди напред, за да има владеење на правото, подобра животна средина, подобри трговски односи. Апсолутно ниту едно прашање не треба да биде пречка која ќе и оневозможи на една држава прогрес во овие прашања кои се споделено европски вредности, изјави министерот за надворешни работи.
Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.