Според извештаите, Софијанова добила речиси 15 000 евра повеќе за дежурства на интензивна нега во првите девет месеци во годинава, отколку што требала да добие според евиденцијата.
Контролите откриваат и дека освен (екс) организацискиот директор на Детската клиника, уште четири директори на други клинки добивале повисока плата поради употреба на повисок коефициент при пресметката на плата
Хроничниот замор, слабост и стомачни проблеми можат да предизвикаат ПАРАЗИТИ: Ова е брз начин да ги исфрлите од телото!
Има и други директори кои поминале (и биле исплатени) за многу денови на дежурство во еден месец, но ниту кај еден нема таква неусогласеност меѓу книгите за исплата и за евиденција на дежурства. Сепак, има случаи кои се „гранични“.
Се почна пред околу два и пол месеци кога новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, со документи ја соочи директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, дека земала дневници за дежурства и кога била на службен пат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.