Сојузниците на Берлускони победуваат на северот од Италија

Челникот на италијанската партија Северна лига, сојузник на поранешниот премиер и лидер на десната коалиција на парламентарните избори Сивлио Берлускони, е на добар пат да победи на изборите во регионот Ломбардија, што да десниот центар би му обезбедило контрола на најбогатиот и напродуктивен дел од Италија.

 Според прелиминарните резултати, Роберто Марони, претседател на Северна лига, во Ломбардија освоил 43,2 отсто од гласовите, додека Умберто Амбросоли, претставникот на левиот центар, што го предводеше Пјерлуџи Берсани, освоил 38 отсто од гласовите.
Изборите во Ломбардија, северноиталијанскиот регион со економија поголема на пример од онаа на Белгија, беа завршени во понеделникот како и парламентарните на наионално ниво, меѓутоа гласовите од регионалните избори почнаа да се бројат дури во вторникот.
Регионалните избори немаа директна поврзаност со националните, но победата на Северна лига во регионот во кој е основана може да го засили нејзиниот сојуз со партијата на Берлускони, Народ на слободата (PdL) којашто е влијателна во политиката на национално ниво.
Макфакс
Челникот на италијанската партија Северна лига, сојузник на поранешниот премиер и лидер на десната коалиција на парлам

Пронајдете не на следниве мрежи: