Спасен овчар заглавен на речен остров во надојдената Црна Река

Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација во 17:32 часот доби информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман.

Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презема координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката.

Од ЦУК веднаш беа известени сите субјекти Системот за управување со кризи (СУК), а водата од страна на АД „ЕЛЕМ“ (Брана Тиквеш) беше времено запрена во 18.00 часот, при што овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место.

ЦУК континуирано комуницираше со овчарот, којшто при контактот во 20.19 часот извести дека водата, не само што не се намалува, туку дека нејзиното ниво се зголемува. На тоа веднаш ЦУК реагираше до АД „ЕЛЕМ“, коишто известија дека при извршување на смената не си ја пренеле информацијата дека случајот не е завршен, па повторно ја пуштиле водата. Во 20:25 од страна на АД ЕЛЕМ веднаш беше запрена водата од браната.

При ваков случај било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата.

Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа.


Пронајдете не на следниве мрежи: