Спасовски: Вања почина од прострелна рана, пронајдени два пиштоли во близина на Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешната изјава во врска со прашањето дали Вања, 14-годишното девојче е удавено или починало од рана од куршум, рече дека се работи за рана од куршум.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во петок почнува обврската за задолжителна зимска опрема
Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество …
Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја манипулира јавноста и ние ќе продолжиме да укажуваме на сите неисполнети ветувања дадени пред изборите кои сега гледаме дека не …

„Точната одлука на обдукцијата ќе ги покаже деталите, но се работи за рана од куршум“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски.

Во однос на тоа дали е пронајдено оружјето со кое е пукано во неа, министерот Спасовски рече дека во Скопје се пронајдени две оружја, кои мора да се проверат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Спасовски потврди и дека полицијата го пронашла мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Вања беше прогласена за исчезната на 27 ноември, додека во неделата на 3 декември нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.