СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА ОСВОЈАТ НУКЛЕАРНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО ЗАПОРОЖЈЕ! 30 вооружени бродови извршија напад, еве што се случи

Електраната Запорожје беше цел на украинските специјалци.

Украинските специјалци во текот на ноќта се обидоа да ја освојат нуклеарната централа во Запорожје. Ова го тврди Владимир Рогов, еден од локалните проруски лидери, кој рече дека нападот на украинските сили бил одбиен.

СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА ОСВОЈАТ НУКЛЕАРНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО ЗАПОРОЖЈЕ! 30 вооружени бродови извршија напад, еве што се случи

„Голема група десантни чамци, полни со милитантни сили за специјални операции, синоќа го напуштија јужниот дел на градот Запорожје. Обидот на украинските сили беше одбиен“, тврди Рогов, а пренесува Риа Новости.

Рогов изјави дека во обидот за слетување учествувале околу 30 бродови. Тој додаде дека ситуацијата сега е под контрола и дека нема план за евакуација на Енерходар, населбата веднаш до самата нуклеарна централа.

Во својот извештај, РИА не обезбеди никакви докази дека имало обид за ЗАЗЕМАЊЕ. На почетокот на војната, руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа.

Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно дека пукале во електраната и со тоа ризикуваат нуклеарна катастрофа.

Обидите да се прогласи областа за демилитаризирана зона поради нуклеарни безбедносни причини не успеаја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.