Македонија не е ништо покусо од останатите држави, па дури имавме и свои победници, како кумановецот Дарко – „Спејко“ пред неколку години во „Голоемиот Брат“, кој потоа стана познат моден блогер и инфлуенсер…
Особено откако влезе во шема, а потоа и во врска со својата колешка по „занает, само без ријалити искуство“, сексапилната струмичанка Љупка Митрова.
Обајцата како Бони и Клајд, беа нераздвојни и приватно и професионално, па важеа за најуспешната македонска „комерцијално-емоционална“ двојка. Секако, додека на нивната љубов не и измина рокот на траење.
Потоа секој на своја страна. И приватно и профи – соло! Љупка некако, како подобро да се снаоѓа во „рекламно-модните кампањи“ сама, додека Спејко се чини поуспешно функционира кога е во пар!
Во тукушто завршената втора сезона на регионалното реално шоу „Задруга 2“ пак, влезе и остана до пред самиот крај и една Македонка. Сексапилната скопјанка Елеонора Миљковиќ, претходно речиси пошироко непозната, сега исто толку популарна како и Спејко.
Особено откако во „Задруга 2“ покажа што имаше да покаже: И карактерот и дружељубивоста и талентот и убавината и сексапилот…
Елеонора откри ама баш се’… Особено извајаното голо тело под тушот, сосе сите свои бујни атрибути… И одзади и однапред!
Сепак не успеа да победи, што покрај една Луна, Станија, Ана Кораќ… е навистина тешко зашто конкуренцијата од стралети беше жестока! Сеедно… Елеонора се врати дома, побогата за искуство плус и популарност со која високо ќе котира, барем некое време.
А, токму ТАА – Елеонора и ТОЈ – Спејко се сретнаа на исто место. Во емисија, само што овој пат наша, на домашна телевизија и не е реално шоу. Обајцата ги раскажаа своите „реални“ искуства во неколку минути, а реално и разменија, погледи, два реда муабет и телефонски броеви. Од страна гледано, може да се каже и понекоја искричка во очите, па којзнае… Можеби „хемијата проработе“, па ќе имаат толку многу да си кажат и разменат искуства и зад камерите.
Впрочем, чаршијата веќе почна да шпекулира дека новата селебрити љубовна двојака е родена. Останува да видиме дали Спејко ќе ја замени Љупка со Елеонора или поточно, Елеонора ќе ја замени Љупка кај Спејко?
„Задругарката“ предиспозиции, секако има… Особено природни… И однапред и одзади…
Останува само да ги усогласат карактерите. Секако, доколку навистина „хемијата проработела“?
Извор: vistina.com.mk