Со текот на годините, се труди да изгледа „помлада“, но многумина не се согласуваат дека успева во тоа.
Познатата модна дизајнерка Донатела Версаче отсекогаш се трудела да го задржи младешкиот изглед, па дури и сега, на 65-годишна возраст, нејзината грижа за себе е на прво место.
И сето тоа се должи на пластичните операции што таа ги започна во 90-тите години на минатиот век. Редовно оди на третмани со ботокс затоа што не може да ги поднесе брчките. Таа тврди дека, освен лицето, целото тело и е природно.
Донатела е преплашена од стареење, но од толку многу операции, лицето ѝ изгледа деформирано. Пред неколку години, таа изјави дека спие секоја вечер во замрзнувач со цел да го задржи младешкиот изглед.
Таа постојано изјавуваше дека обожава тен толку многу што никогаш не го избегнува сонцето, иако кожата изгледа збрчкана и старее од прекумерно изложување.
„Внимавам на изгледот затоа што секогаш сакам да изгледам пожелно“, рече Донатела.
Во младоста таа била вистинска убавица.