Спиењето во прегратката на саканата личност има позитивно влијание на вашето здравје

Прочитајте кои се придобивките од спиењето до човекот кого го сакате…
Поттикнува помирен сон
Дали сте забележале дека полесно и побрзо заспивате кога партнерот е покрај вас? Кога сте сами, пак, ви поминуваат разни мисли низ главата и непрестајно се превртувате, упорно барајќи ја идеалната положба за спиење. Имено, спиењето покрај саканата личност дава чувство на сигурност. Тогаш телото се опушта и побрзо тонете во сон.


Го намалува стресот
Истражувањата покажуваат дека спиењето заедно со партнерот ја намалува количината на кортизол во крвта. Тогаш, исто така се ослободува и окситоцин, познат како хормон на љубовта, кој го ублажува чувството на тегоби. Кога количината на стресот е ниска, се намалува ризикот од појава на болести на срцето, рак и други сериозни хронични заболувања.
Ги намалува воспалителните процеси во телото
Спиењето покрај партнерот го намалува и нивото на цитокин, молекула што предизвикува воспаленија и болки во телото.


Го намалува крвниот притисок
Истражувањата покажуваат дека луѓето со поголема количина на окситоцин имаат понизок крвен притисок. Овој хормон природно ги шири крвните садови што позитивно влијае на циркулацијата.
Позитивно влијае на расположението
Спиењето заедно со партнерот го подобрува сонот, ги намалува здравствените проблеми, полни со енергија и го подобрува расположението. Ако спиете покрај партнерот, постојат помали шанси дека ќе ве боли главата утредента.
Го зајакнува имунитетот
Ако делите кревет со партнерот, ќе имате подобар имунитет од оние што не го практикуваат истото. Според експертите, паровите кои ја делат својата интима полесно се справуваат со настинките и грипот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.