Спортистите може да здивнат: Владата ги изгласа новите ваучери, пари ќе дава – државата!

Владата на денешната седница меѓу другото го разгледа и утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, поврзан со тоа што е најголема грижа за сите македонски спортисти во изминатиов период – државната помош преку ваучер-системот.

Автомобил излетал од пат и паднал во Вардар, „Тигрите“ на терен
Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Од МВР информираат дека веднаш …
Хороскопски знаци кои живеат за моментот
Секој од нас познава барем една личност која зрачи со позитивност, секогаш е насмеана и ужива во малите нешта, без да се грижи што ќе донесе утре. Во свет полн со …

Денешното утврдување на промените кои ќе ги претрпе законското решение со кое се регулираат односите во спортот значи продолжување на државното финансирање на федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти, без кое тешко дека голем број од овие субјекти воопшто би опстанале.

„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, кои имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели воо владиното соопштение.

Предлог законот сега ќе влезе во собраниска процедура, каде што ќе треба да биде изгласан за да стапи на сила. Со оглед на односот на силите во македонскиот парламент, ова се очекува да биде само формалност што значи дека и во 2024 година македонскиот спорт ќе добие државна инјекција и тоа директно од буџетот, а не преку даночно ослободување, кое овозможуваше разни криминални дејствија и барање процент за наплата на ваучерите. Единствена непознаница засега е сумата која државата ќе ја одвојува за спортот, односно дали таа како и досега ќе остане на 10 милиони евра или, пак, ќе биде зголемена или намалена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.