Војската на Србија е подготвена во секој момент да ги брани Србите на Косово и Метохија. Како што се вели најдобрите стратези на нивната армија до детал ги разработиле плановите за заштита на населението во Косовска Митровица.
Овој план би се активирал доколку Косово се обиде со полициска акција во тој регион да направи етничко чистење. Според врвот на Армијата на Србија се проценува дека за само три часа војската може да стаса до Ибар и Косовска Митровица, а дека за најмногу 12 часа под контрола би било ставено и Гњилане.
Офицерот Веселин Шљиванчанин вели дека во случај на интервенција Србија лесно ќе се справи со Косоварите. Но предупредува дека треба да се биде внимателен затоа што нивните провокации доаѓаат по поттик од некој поголем зад нив.