Вчера попладне централните делови на Србија беа зафатени од незапаметено невреме со град, дожд и силен ветар. Има и повредени лица. Ветрот корнел дрвја и ќерамиди од покривите, а еден човек во Крушевац е повреден кога му паднала ќерамида на глава.
Ветрот бил толку силен што од корен корнел не само млади, туку и постари голeми дрвја. Направена е и штета на возилата, врз кои паѓале дрвја. Штета има и на земјоделските култури, особено во деловите каде паѓал град со големина на топче за голф.
Голема штета претрпеа и учесниците на Четвртиот меѓународен балон-фестивал, кој требаше да започне во Багдала, во Крушевац во 18 часот, а поради невремето, вечерашниот концерт на групата Хари Мата Хари беше одложен.
Според метеоролошката станица, ветерот дувал со брзина од 32 метри во секунда, или 115 километри на час, а за 40 минути, во областа на Крушевац наврнале 50 литри дожд на метар квадратен.