Србија: Ќе се скрати полицискиот час, по 100 евра за секој полнолетен граѓанин.
Вучиќ беше на ТВ интервју и најави олабавување на мерките кои ги воведе државата во борба против корона вирусот.
Полицискиот час ќе трае еден час пократко, односно наместо од 17 часот во работни денови, ќе трае од 18 часот па до 5 часот следното утро.
На пензионерите лица ќе им биде овозможено по половина час прошетка во периодот од 18 до 1 часот по полноќ во вторник, петок и недела, а ако ситуацијата дополнително се подобри, од следниот понеделник тие ќе имаат право да шетаат по половина час секој ден.
100те евра кои беа најавени како помош ќе бидат поделени во мај.